ЃОКОВИЌ ПРЕДИЗВИКА БУРА СО ИЗЈАВА ЗА КОСОВО „Знам дека оваа тема е многу чувствителна…“

Локалниот весник „Коха диторе“ објави вест во која се наведува дека Ѓоковиќ „провоцирал“ со споменатите зборови, на што реагирала министерката за култура на Косово, Хајрула Чеку.

2,082

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во овонеделното интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ изјави дека сака да се врати на Косово и Метохија со сопругата Јелена за таму да ги крстат нивните деца. Изјавата веднаш предизвика реакција во јавноста.

– Знам дека оваа тема е многу чувствителна. Конфликтот сѐ уште е присутен таму, не е вооружен, но има тензии. Не сакам да се занимавам со политика, но за секој Србин, Косово и Метохија се во срцето, во центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција, религија – рече Ѓоковиќ не сфаќајќи дека неговата изјава ќе предизвика голема бура во Приштина.






Локалниот весник „Коха диторе“ објави вест во која се наведува дека Ѓоковиќ „провоцирал“ со споменатите зборови, на што реагирала министерката за култура на Косово, Хајрула Чеку.

„Нема вакцина, нема влез“, напиша Чеку на својот Твитер, потсетувајќи на фактот дека српскиот тенисер не сакал да се вакцинира против коронавирусот, односно дека поради тоа морал да пропушти неколку важни турнири – Австралија Опен, УС Опен, Синсинати, Мајами и турнирот во Монтреал.

Но, спротивно на зборовите на Чеку, за влез на Косово од 1 мај 2022 веќе не е потребна вакцина против коронавирусот, објавија косовските медиуми.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ доби дозвола за влез во САД.

Поврзани содржини