ЃОКОВИЌ ПОЈАК ОД БОЛКИТЕ И ОД КОРЕНТИН МУТЕ Српскиот ас со „една нога“ го победи Французинот

Иако во трет сет едвај чекореше од болка, Новак Ѓоковиќ не потклекна – со триумф од 3-0 во сетови го елиминираше Французинот Корентин Муте и обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос.

2,301

Три часа жестока битка, три сета и еден плускавец. Новак Ѓоковиќ повторно докажа зошто е меѓу најголемите. Српскиот ас без загубен сет го победи домашниот тенисер Корентин Муте (3-6, 2-6, 6-7) и со сигурен настап се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ го отвори мечот со авторитет. Првиот сет го освои со 6-3, а уште поубедливо доминираше во вториот, кој го затвори со 6-2. Се чинеше дека Французинот нема одговор на темпото на Србинот.






Но третиот сет донесе пресврт во динамиката. Муте заигра похрабро, му парираше на Ѓоковиќ и дојде до шанса да го освои сетот. Сепак, тај-брејкот ја откри разликата во класа – искуството и смиреноста на Ѓоковиќ беа пресудни.

Среде тој напор, Ѓоковиќ се соочи и со физички предизвик. Плускавец на ногата му го отежна движењето и го натера да ја намали агресивноста. Но, ни тоа не го спречи. Со срце, упорност и непоколеблив фокус, Ѓоковиќ го заврши мечот во своја корист.

Во следното коло, неговиот противник ќе биде познат по денешната тениска програма.

Поврзани содржини