📽️ ЃОКОВИЌ НЕ МОЖЕ ДА ТРЕНИРА ОД САБАЛЕНКА Белоруската тенисерка му го прекина тренингот

Забавниот момент од тренингот на турнирот во Индијан Велс брзо стана хит на социјалните мрежи.

317

Забавно видео со Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка од тренингот на турнирот во Индијан Велс стана вистински хит на социјалните мрежи.

Во видеото, српскиот тенисер се обидува да тренира на теренот, но неговата подготовка не оди баш според планот. Додека се обидуваше да сервира, на теренот се појави Сабаленка, која со насмевка и самоуверено чекорење се движи покрај мрежата.






Наместо да продолжи со тренингот, Ѓоковиќ решава да се „вклучи“ во шегата – ја пушти топката нежно кон неа, а белоруската тенисерка ја запира со ногата. Сцената предизвика многу реакции и коментари на интернет, каде што видеото брзо почна да се споделува.

Ова не е прв куриозитет меѓу двајцата тенисери во последните денови. Камерите на турнирот неодамна уловија уште еден симпатичен момент.

Сабаленка им се пофалила на пријателите со вереничкиот прстен што неодамна го добила од своето момче. Кога го забележал накитот, Ѓоковиќ реагирал со воодушевување.

„Честитки! Уау!“, извикал српскиот тенисер додека го гледал прстенот на раката на Сабаленка, по што следувала и пријателска прегратка.

Моментот уште еднаш ја покажа добрата атмосфера меѓу тенисерите надвор од натпреварите и строгите правила на турнирите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)

Поврзани содржини