Ѓоковиќ најави дека ќе ги сруши рекордите на Федерер

Српскиот тенисер моментално има 17 трофеи од „големите четири“, како и 282 недели како број 1 во светот, додека Федерер триумфираше 20 пати на Гренд-слем турнирите и помина вкупно 310 недели на врвот.

370

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека ќе ги сруши рекордите на легендата Роџер Федерер за најмногу Гренд слем титули и најмногу недели на врвот на светската ранг-листа.

Српскиот тенисер моментално има 17 трофеи од „големите четири“, како и 282 недели како број 1 во светот, додека Федерер триумфираше 20 пати на Гренд-слем турнирите и помина вкупно 310 недели на врвот.






– Јас секогаш сум сигурен. Верувам дека можам да бидам тенисер со најмногу слем титули и да го подобрам рекордот за останување на прво место. Ова се моите јасни цели –  рече Ѓоковиќ.

Тој додаде дека може да игра професионално до 40-годишна возраст.

– Не верувам во граници. Мислам дека границите се илузии на нашето его или на нашиот ум –  додаде Србинот во интервју за Греам Бенсинџер од „In Depth“.

Целото интервју, во кое Ѓоковиќ зборува и за неговите здравствени проблеми во минатото, неговиот брак со Јелена и бомбардирањето на Србија кон крајот на минатиот век, ќе биде емитувано во Соединетите држави овој викенд.

Поврзани содржини