📷 ЃОКОВИЌ МУ „ПОНУДИЛ“ БИЗНИС СОРАБОТКА НА ЦИЦИПАС Грчкиот тенисер има еден услов

Преку шегата, Циципас се осврна на фактот дека Ѓоковиќ води строга исхрана и избегнува производи од животинско потекло, вклучувајќи ги и млечните состојки кои традиционално се користат во грчкиот специјалитет, цацики.

866

Новак Ѓоковиќ би можел наскоро да се пресели во Атина, гласини кои предизвикаа голем интерес кај грчката јавност, но и кај еден од најголемите домашни тенисери, Стефанос Циципас.

Двајцата тенисери се веќе во Лондон, каде се подготвуваат за престојниот Вимблдон, а неодамна ја имаа и првата заедничка средба на лондонската трева. Средбата не помина незабележано, а Циципас веднаш сподели фотографија од моментот со Ѓоковиќ и тоа со духовит опис кој стана вирален.






„Новак: Па… кога отвораме грчка таверна?

Јас: Кога ќе научиш конечно да правиш цацики без да користиш јогурт од соја“, напиша Циципас на социјалните мрежи.

 

Преку шегата, Циципас се осврна на фактот дека Ѓоковиќ води строга исхрана и избегнува производи од животинско потекло, вклучувајќи ги и млечните состојки кои традиционално се користат во грчкиот специјалитет, цацики.

Останува да се види дали Новак навистина ќе се пресели во грчката престолнина, но ако се суди според реакциите на Циципас и фановите, таму го чека топло добредојде, и можеби таверна без млечни производи.

 

Поврзани содржини