ЃОКОВИЌ ИСКРЕЧЕН ПА ИСЧИСТЕН НА КОСОВО Гимназијалци заедно со професорите го спасија графитот (ВИДЕО)

2,008

Графитот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф.

Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело нд уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“. Милосавлевиќ дипломирал сликрање на ѕидни мурали во Белград.






„Џабе кречевте. Моите браќа од Ораховац се попаметни. А и не може успехот на Новак да се избрише со креч“, пишува во видеото кое се појави на Твитер.

 

Поврзани содржини