ЃОКОВИЌ ИМАЛ ТРЕМА ШТО ИГРА ПРЕД МЕСИ Тениската легенда ѝ се заблагодари на фудбалската легенда

Се разбира, му се восхитував, како и повеќето луѓе во светот, во поголемиот дел од неговата кариера. Неговото влијание во спортот во изминатите 20 години е огромно, рече Ѓоковиќ за Меси.

483

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ многу се заблагодари што аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси присуствуваше на неговиот натпревар на турнир во САД.

– Неверојатно е што ни се придружи. Голема чест е да играм во негово присуство. Многу сум благодарен што беше тука со неговиот син и со семејството. Се разбира, му се восхитував, како и повеќето луѓе во светот, во поголемиот дел од неговата кариера. Неговото влијание во спортот во изминатите 20 години е огромно. Фактот што ме гледа во живо, секако, ми носи голема радост и возбуда, но и одреден притисок, да бидам искрен – изјави Ѓоковиќ за „Спортскееда“.






Во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, вчеравечер Ѓоковиќ го победи Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:2, 6:3.

Триесет и седумгодишниот Србин првпат од октомври 2024 година стигна до финале на АТП турнир. За титулата во Мајами ќе игра против Чехот Јакуб Меншик.

Поврзани содржини