ЃОКОВИЌ И ЈЕЛЕНА КУПИЛЕ ФИРМА ЗА БОРБА СО КОРОНАТА Седиштето е во Данска, лечат преку резонанца

Компанијата на својата веб-страница наведува дека се занимава со „развивање третмани и лекови за ретровируси и отпорни бактерии“ и дека со таканаречена RRM технологија на резонанца им помага на протеините да ги вршат клучните функции.

3,179

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена основале или купиле компанија за борба против короната со седиште во Данска, уште во јуни 2020 година, пренесуваат српските медиуми. Акциите на компанијата „QuantBioRes A/S“ се мнозински на Новак со 40,8 отсто и на Јелена со 39,2 отсто.

Компанијата на својата веб-страница наведува дека се занимава со „развивање третмани и лекови за ретровируси и отпорни бактерии“ и дека со таканаречена RRM технологија на резонанца им помага на протеините да ги вршат клучните функции.






„Со нашата иновативна и остроумна RRM технологија, се стремиме да му помогнеме на човештвото да развие третман и лек за ретровирусите и отпорните бактерии. Нашиот високо квалификуван тим од биохемичари, физичари, инженери и програмери неуморно работеше за да го донесе QuantBioRes A/S во првите редови на индустрија“, се вели на веб-страната и се додава:

Се појаснува и како компанијата го прави истражувањето:

„Во QuantBioRes A/S, работиме на користење на единствен и нов модел со резонантно препознавање (RRM). RRM е биофизички модел заснован на откритието дека одредени периодичности/фреквенции во рамките на дистрибуцијата на енергиите на слободните електрони долж протеините се клучни за биолошката функција на протеините и интеракциите со протеинските рецептори и други цели“.

Поврзани содржини