ЃОКОВИЌ И АЛКАРАЗ ПРИРЕДИЈА СПЕКТАКЛ ВО РИЈАД Шпанецот славеше победа после пресврт
Со спектакуларниот меч што се играше пред околу 40 илјади навивачи на трибините, двајцата најдобри тенисери во светот на најдобар начин ја најавија новата сезона.
Новак Ѓоковиќ загуби од Карлос Алкараз 2-1 (4-6, 6-4, 6-4) во егзибициски натпревар во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со спектакуларниот меч што се играше пред околу 40 илјади навивачи на трибините, двајцата најдобри тенисери во светот на најдобар начин ја најавија новата сезона.
Мечот траеше еден час и 52 минута игра и беше вистинко уживање за гледачите. Алкараз беше посигурен на статот и го отвори мечот со брејк во првиот гејм, но српскиот тенисер направи брејк во четвртиот и 10 гем за пресврт и водство во сетови.
И вториот сет започна со брејк на Алкараз, но Шпанецот овојпат беше сигурен на свој сервис до крајот на сетот и не му дозволи на Ѓоковиќ да се врати во игра.
И во третиот сет Алкараз прв освои сервис на противникот, но Ѓоковиќ подоцна израмни на 3-3, користејќи ја дури третата брејк-топка во тој гем. Клучна беше деветтиот гејм во која Алкараз, исто така имаше три брејк-топки, ја искористи последната и поведе со 5-4, за потоа, без загубен поен да стави точка на мечот.
Во поздравниот говор Ѓоковиќ упати многу пофалби за неговиот помлад колега и ривал.
“Tennis is in good hands” 🗣
Novak Djokovic speaking highly of Carlos Alcaraz and his future in the sport at the Riyadh Season Tennis Cup. pic.twitter.com/PsORHJfBFe
– Првпат го гледав на интернет кога имаше 12 години и тогаш веќе освојуваше турнири. Импресивно е тоа што го постигна, негува големи вредности, скромен е и сериозен работник. Фантастично е што го имаме во нашиот спорт, тој ќе биде лидер во тенисот во следните 10-15 години – рече Новак Ѓоковиќ.
Алкараз возврати на комплиментите истакнувајќи дека секогаш кога игра против Ѓоковиќ се чувствува посебно и истакна дек неговата цел во 2024 година е да победува
– Секој пат кога го делам теренот со него е одлично. Тој е неверојатен, пораснав гледајќи го како освојува големи турнири, многу сум среќен што ќе играм против него и се надевам дека ќе продолжам. Изгледа како да има 20 години. Сакам да му честитам и да му се заблагодарам што го одигра овој натпревар со мене овде – рече Алкараз.
Шпанскиот тенисер изјави дека целта му е да продолжи да го победува Ѓоковиќ.
– Да продолжам да напредувам како личност и играч, да се обидам да го победувам. Тоа е мојата главна цел за 2024 година, сакам да освојувам големи турнири. Најважно работа сепак е да продолжам да учам“, заклучи вториот тенисер во светот.
Ова беше шести дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, а двајцата тенисери досега имаат по три победи.
Ревијалниот меч во Ријат беше и добра увертира за стартот на новата сезона и за двајцата тенисери. Србинот ќе ја започне сезоната со учество во Купот на Јунајтед (29 декември – 7 јануари). Потоа ќе ја брани титулата на Австралија опен (15 – 28 јануари).