ЃОКОВИЌ ГОЛЕМ И ВО ПОРАЗОТ! Му честита на Алкараз со одбрани комплименти

Се надевав дека против тебе ќе имам проблеми само на земја и можеби на тврда подлога, но не и на трева – рече седумкратниот победник на Вилмблдон.

4,552

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24-тата грен-слем титула и загуби од Карлос Алкараз со 3-2 во сетови и после голема драма во финалето на Вимблдон.

После натпреварот србинот спортски го призна поразот и му честиташе на противникот за победата.






– Морам да му честитам на Карлос и на неговата екипа. Неверојатно е како сервираше и потполно ја заслужи оваа победа. Неверојатно, секоја чест. Се надевав дека против тебе ќе имам проблеми само на земја и можеби на тврда подлога, но не и на трева. Уште еднаш ти честитам, направи нешто чудесно. Што се однесува до мене, никој не сака да губи вакви натпревари, но кога ќе се намалат емоциите ќе бидам многу благодарен – рече Ѓоковиќ.

Поврзани содржини