ЃОКОВИЌ ГО СОВЛАДА ХУРКАЧ, НО НЕ Е СИГУРЕН УЧЕСНИК ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ТОРИНО Ќе пресуди мечот Синир – Руне
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го победи Полјакот Хуберт Хуркач во мечот од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1.
36-годишниот Србин е на второто место во Зелената група. Хуркач е претпоследен. Ѓоковиќ ќе го чека епилогот од вечерашниот меч меѓу Јаник Синир и Холгер Руне, за да знае дали ќе игра во полуфиналето.
Претходно беше објавено дека Италијанецот Јаник Синер прв од оваа група се пласира во плејофот на турнирот.
Награден фонд на турнирот изнесува 15 милиони долари.