ЃОКОВИЌ Е ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА ВИМБЛДОН Направи пресврт пред очите на Федерер

242

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја оствари и четвртата победа на годинашното издание на Гренд-слемот Вимблдон.

Мечот од „Кралската ложа“ го следеше и поранешниот голем ривал на Новак, легендарниот Роџер Федерер.






По средбата, Ѓоковиќ го спомена Швајцарецот во својата изјава на теренот.

Шесторангираниот во Лондон, во осминафиналто по по 3 часа и 20 минути игра, го победи Алекс ДеМинаур.

Австралиецот го доби првиот сет многу лесно со 6-1. Иако се чинеше во тој момент дека Новак тешко ќе мине во оваа рунда, сепак Србинот го направи спротивното.

Следните три сета Ѓоковиќ го доби со идентични 6-4, а мечот го реши во своја полза со 3:1.

Србинот Ѓоковиќ е седумкратен победник на Вимблдон. Тој во денешното осминафинале направи пресврт во мечот и по негативата од 0:1 по загубениот прв сет на убедлив начин со 1:6 во гемови ги доби следните три со идентични 6:4 во гемови.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ во среда ќе игра против Флавио Коболи од Италија, кој со 3:1 во сетови го совлада Марин Чилиќ од Хрватска.

Поврзани содржини