ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА НА РОЛАН ГАРОС Франција ги менува мерките за влез во земјата
И покрај тоа што не е вакциниран, Србинот ќе биде во можност да се појави на вториот сезонски Грен слем турнир, како што моментално стојат работите. Сепак, засега не се знае дали ќе настапи на Вимблдон и на УС Опен.
Франција ги менува протоколите за влез во земјата, по што повеќе нема да биде неопходно странците да поседуваат сертификат за вакцинација.
Тоа е добра вест за шампионот на Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ. И покрај тоа што не е вакциниран, Србинот ќе биде во можност да се појави на вториот сезонски Грен слем турнир, како што моментално стојат работите. Сепак, засега не се знае дали ќе настапи на Вимблдон и на УС Опен.
Турнирот во Франција започнува на 22 мај и трае до 6 јуни. Ѓоковиќ лани го победи Стефанос Циципас во големото финале на патот до титулата.