ЃОКОВИЌ ЈА ВОЗИ ТАРА СО ВЕЛОСИПЕД ПОКРАЈ САВА Асот се одмора, а го чекаат Париз и Торино (ВИДЕО)
Случајните минувачи не ја криеја среќата кога го видоа српскиот ас и неговото семејство. Малиот Стефан возеше сопствен велосипед во целосна „воена опрема“, додека неговата ќерка Тара сè уште беше мала за такво нешто, па удобно се смести зад својот татко на неговиот голем велосипед.
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е во Белград, а граѓаните на српската престолнина кои имаа среќа да се најдат на брегот на Сава во близина на Бетонската сала денеска можеа да го видат него и неговата сопруга Јелена како возат велосипеди во друштво на деца, пишува Новости.
Случајните минувачи не ја криеја среќата кога го видоа српскиот ас и неговото семејство. Малиот Стефан возеше сопствен велосипед во целосна „воена опрема“, додека неговата ќерка Тара сè уште беше мала за такво нешто, па удобно се смести зад својот татко на неговиот голем велосипед.
Најдобриот тенисер на светот го очекува крајот на сезоната, иако со елиминирање на Данило Медведев од Индијан Велс, практично си го обезбеди местото на врвот на АТП ранг-листата.
Ѓоковиќ најверојатно ќе го видиме на мастерс-турнирот во Париз, а можеби и на завршниот турнир сезонава во Торино.