Околу 7.000 работници поради коронакризата добиле спогодбен отказ

Бројката денеска ја кажа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и уптати Агенцијата за вработување за точна бројка.

456

Околу 7.000  граѓани досега, поради корона кризата, пријавиле дека ги загубиле своите работни места со спогодбен отказ или изјава. Бројката денеска ја соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска која додаде дека вистинските бројки ги има Агенцијата за вработување.

– Последната бројка што ја имам е околу 6.000 – 7.000 лица, но, би ве упатила на Агенцијата за вработување да ви дадат точен и прецизен одговор, до каде се со обработка на тие барања и колку ги реализирале позитивно – рече Царовска.






Вицепремиерката ги упати граѓаните кои се оштетени во интернет продажба да се жалат кај инспекторите.

-Инспекторите навистина прават максимум, но важно е и граѓаните кои се оштетени да ги преземат сите процедури и законски мерки што им се на располагање за да биде заштитено нивното потрошувачко право, за институциите да постапуваат и за да има санкционирање онаму каде што има злоупотреба. Таков тип на злоупотреба не смее да се дозволи – рече Царовска.

 

Поврзани содржини