ОКОЛУ 3500 ЛИЦА СЕ ИЗЈАСНИЛЕ КАКО БУГАРИ 132.000 граѓани ги немало дома, но и тие се попишани

Околу 132.000 граѓани не се попишале лично, но тие се административно попишани, односно податоците за нив се преземени преку постоечките регистри во земјава.

2,044

Околу 3.500 лица се изјасниле како Бугари на пописот во 2021 година во Македонија, соопшти денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој најави дека на медиумите ќе им ја даде точната бројка на писмено по денешната презентација на конечните резултати од последната статистичка операција во земјава.

Околу 132.000 граѓани не се попишале лично, но тие се административно попишани, односно податоците за нив се преземени преку постоечките регистри во земјава.






Не се виновни тие што подлегнаа на црната кампања за бојкот, туку виновни се иницијаторите на кампањата. Тие направија штета, ама пак се дел од пописот. Не успеаја да го уништат пописот. Имавме јавен и отворен бојкот. Но, не можеме да знаеме дали луѓето не отворале врата оти бојкотираат или се плашеле од короната. Сепак, многу мала е бројката на лица кои не се попишани и ние сме презадоволни. Затоа велам дека очекувавме многу поголем неопфат, но на крајот сепак добро излезе. Имаше и корона и многу луѓе се плашеа да ги примат попишувачите. Во исклучителко тешко временски услови го спроведувавме пописот. Времето беше топло и многу луѓе беа заминати на одмор во септември. Исто така, многу луѓе земјоделци беа излезени на нивите – рано излегуваат од дома а доцна се враќаат – објасни Симовски.

Според изјаснувањето за етничка припадност, од заедниците што не се вклучени во Преамбулата на Уставот, 3.504 лица што живеат во земјава се изјасниле како етнички Бугари, следни се Египќаните – 2.406 или 0,13 отсто од вкупното резидентно население. Потоа се Хрватите – 2.145 на број или 0,12 проценти. Како Црногорци се изјасниле 1.023 или 0,06 проценти, додека 344 лица или 0,01 отсто се декларираат како Југословени. Вкупно 4.174 лица или 0,23 отсто се декларирале како Торбеши.

Во споредба со пописот од 2002 година, сега повеќе од двојно e зголемен бројот на лица кои се изјасниле како етнички Бугари, односно тогашната бројка била 1.487.

Дека бугарскиот им е мајчин јазик на пописот 2021 година пријавиле 1.519 граѓани, што е 0,08 отсто од населението во земјава.

Поврзани содржини