Околу 30 навивачи на Глазгов Ренџерс завршиле во притвор по шампионската прослава

Полицијата соопшти дека прославата била во спротивност со епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на ковид-19, додавајќи оти 28 навивачи се приведени.

172

Шкотската полиција приведе 28 навивачи на Глазгов Ренџерс за време на вчерашната прослава на шампионската титула на нивниот омилен клуб, прва во изминатите десет години.

Илјадници навивачи на Ренџерс се собраа во неделата попладне пред клупскиот стадион „Иброкс“, откако главниот конкурент Селтик одигра без голови на гостувањето кај Данди Јунатед, што на тимот на Стивен Џерард му помогна и теоретски да ја обезбеди шампионската титула на шест кола до крајот на шкотското првенството.






Полицијата соопшти дека прославата била во спротивност со епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на ковид-19, додавајќи оти 28 навивачи се приведени

Поврзани содржини