🎥 ОКОЛУ 200 ЛУЃЕ СЀ УШТЕ СЕ ЗАРОБЕНИ ВО КОНЦЕРТНАТА САЛА Уапсено е едно лице поврзано со нападот во Москва
Напаѓачите сѐ уште се во бегство, соопшти руската национална гарда, додавајќи дека нејзините припадници евакуираат цивили и бараат осомничени.
Се претпоставува дека околу 200 луѓе сѐ уште се заробени во зградата на концертната сала „Крокус“ во Москва, каде што денеска се случи напад во кој загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.
Нападот го извршиле неколку лица облечени во воени униформи, пренесе Би-Би-Си.
Напаѓачите сѐ уште се во бегство, соопшти руската национална гарда, додавајќи дека нејзините припадници евакуираат цивили и бараат осомничени.
Руските медиуми неодамна објавија дека е уапсено едно лице поврзано со нападот.
Во моментот на нападот во салата имало 6.200 лица, кои сакале да гледаат концерт на поп група.
Салата „Крокус“ е целосно опожарена, покривот се срушил, но конструкцијата останала недопрена.