Околу 200 луѓе ќе одат во групен карантин на Криволак

1,207

Околу 200 луѓе кои се очекува да пристигнат во земјава преку граничниот премин Деве Баир ќе бидат сместени во групен карантин во касаранта Пепелиште на Криволак, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција во Владата.

– Околу 200 луѓе наши државјани кои беа на унгарско-српската граница со организиран превоз се очекувааат на Деве Баир. Најголем број од нив работеле во ризичните региони во Италија, дел во Австрија. Сите ќе одат во групен карантин во касарната Пепелиште во Криволак. Не можеме да ги исконтролираме поединечно. Таму на едно место ќе се прават епидемиолошки разговори, тестови ако има потреба, под максимална контрола, целиот објект е со солидини услови и ќе го обезбедува полицијата – рече Филипче.

Поврзани содржини