Околу 2 илјади скопјани го шират вирусот, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

1,603

Од 4297 случаи на ковид-19 во Скопје, активни се 1880 лица, а од регистрираните  96 нови заболени денеска во целата земја, во главниот град се 24 лица, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје на РСМ.

Најмногу активни случаи по општини во Скопје има во Чаир – 291, Гази Баба – 207,  Аеродром – 189, Карпош – 168, следат Центар – 162 и Кисела Вода – 148. Во Бутел има 140 случаи на ковид-19, а во Ѓорче Петров – 120. Најмалку заболени има во Петровец – 21, Чучер Сандево – 14, Сопиште – 20, Зелениково- 11






Од Министерството за здравство појаснуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата на случаите на ковид-19 по општини во Скопје.

 

Поврзани содржини