ОКОЛУ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА СОБРАНИ ОД ДОНАЦИИ ЗА КОЧАНИ Преостанатите пари Црвениот крст ќе ги распореди за лекување на повредените

Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.

362

Црвениот крст соопшти дека собрал 156.542.967 денари или околу 2.545.400 евра за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани што се случи над 16.03.2025 година.

Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.






Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари.

За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за повредените кои се лекуваа во земјава вкупно се исплатени 11.247.250 денари.

Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари.

– Преостанатите средства во износ од 46.593.866 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата, за што благовремено ќе информираме – соопштија од Црвениот крст.

Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сѐ уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и за нивните семејства.

Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка во обид да даде придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.

 

Поврзани содржини