ОКОЛУ 150 ТАНКЕРИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ЗАД ОРМУСКИОТ ПРОТОК Ќе останат без осигурување, берзите во неизвесност

Сателитските снимки покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.

210

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.

Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе биде укинато од 5 март, пренесува Ројтерс.






Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.

Јапонската осигурителна група MS&AD изјави за Ројтерс дека привремено суспендирала низа полиси за осигурување кои покриваат воени ризици во водите околу Иран и Израел, како и соседните земји.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран за време на викендот, по што Техеран ја затвори пловидбата низ Ормускиот Проток, клучна точка за глобалниот транспорт на нафта и гас.

Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи од тогаш ја запреа испораката на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку теснецот, а сателитските податоци покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.

Податоците за следење на бродови од вчера покажуваат дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормускиот Проток.

Поврзани содржини