ОКОЛУ 150 ЛУЃЕ ОД БУГАРИЈА ЌЕ ДОЈДАТ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ Организаторот вели, нема потреба од илјадници

Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што е наш заеднички херој - изјави Стојанов.

4,135

Околу 150 граѓани од Република Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, најави претседателот на здружението „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов во изјава за „А1он“.

– Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што тој е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“.






Тој вели дека нема потреба да доаѓаат илјадници луѓе, како и фудбалски навивачки групи, туку само обични граѓани кои го почитуваат македонскиот народ.

Поврзани содржини