ЈОКИЌ ВЕЛИ „НЕ“ НА 212 МИЛИОНИ, ЧЕКА ПОГОЛЕМ КЕШ Србинот не потпишува ова лето, сака нов мегадоговор

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го одложи продолжувањето на договорот со Денвер и игра на сигурна карта, догодина може да инкасира уште повеќе пари.

1,507

Никола Јокиќ, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, решил да ги одложи преговорите за нов договор со Денвер Нагетс и наместо ова лето, ќе чека до 2026 за уште поголем финансиски договор.

Според информациите што денеска ги пренесуваат белградските медиуми, 30-годишниот ас од Сомбoр кој трипати беше прогласен за Најкорисен играч (МВП) во НБА, не се брза со потписот, иако клубот му понудил продолжување од три години за 212 милиони долари.






Јокиќ, чиј актуелен договор со Денвер истекува во 2027 година, во сезоната 2025/26 ќе заработи 55,2 милиони долари, а во сезоната потоа уште поголеми 59 милиони долари. Дополнително, тој има и „опција за играч“ за сезоната 2027/28, со можност за уште 63 милиони долари.

Ако реши да почека до следното лето, Јокиќ ќе има право на ново продолжување на договорот, овојпат за уште четири години и значително повисока сума од моменталната понуда – потенцијално најголемиот договор во историјата на НБА.

Овој потег е уште еден доказ дека Јокиќ и неговиот тим внимателно го планираат секој чекор – не само на теренот, туку и надвор од него.

Поврзани содржини