📽️ ЈОКИЌ СО РАДИКАЛНА ОДЛУКА ПО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ИНДИЈАНА Ќе ја штеди енергијата само за кошарката

Ако судијата донел одлука, таа нема да се промени. Тоа никогаш не се случува. Затоа треба да се контролира само она што можеш, вели српскиот кошаркарски ас кој синоќа постигна 32 поена и нов, шести по ред трипл-дабл за оваа сезона.

918

Српскиот ас Никола Јокиќ, ѕвездата на Денвер Нагетс, одлучил дека никогаш повеќе нема да се расправа со судиите. По години исполнети со контроверзии и незадоволство од судиските одлуки, најдобриот кошаркар на НБА конечно решил да стави крај на тие моменти на нервоза и да ја задржи енергијата само за играта.

Јокиќ ја соопштил оваа одлука по убедливата победа на Денвер против Индијана (117:100), во која постигнал 32 поена и додал по 14 скокови и асистенции, јави ДНВР Нагетс.






– Завршив со тоа – изјави Јокиќ. – Ова ми е нова работа оваа сезона. Не сакам да се нервирам и да викам на судиите, ќе ја користам енергијата само за кошарката.

Иако важи за играч кој често трпи груба игра и физички контакти без соодветна судиска заштита, 30-годишниот центар сфатил дека поплаките се бесмислени.

– Ако судијата донел одлука, таа нема да се промени. Тоа никогаш не се случува. Затоа треба да се контролира само она што можеш – истакнал тој.

 

Меѓутоа, оваа промена не значи дека ја изгубил страста. Напротив, Сомборецот ја насочил кон својот тим и играта. По натпреварот со Индијана упатил пофалби за новиот соиграч, центарот Џонас Валанчиунас.

– Сите знаат колку е добар. Конзистентен е, нема осцилации, можеме да сметаме на него. Ја успорува играта кога треба, прави блокови и ја води втората петорка – нагласил Јокиќ.

Понатаму, капитенот на Денвер додал дека тимот напредува и во одбраната.

– Сè сме подобри во сите сегменти. Контролиравме добро во одбраната и ги спуштивме на сто поени. Има напредок – заклучил тој.

Поврзани содржини