ЈОКИЌ СЕ СЕЛИ ВО ЛЕЈКЕРС КАЈ ДОНЧИЌ И ЏЕЈМС? Србинот го менува клубот по отказот на тренерот
НБА лигашот Денвер Нагетс денеска ги отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут.
НБА лигашот Денвер Нагетс денеска ги отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут.
Досегашниот главен помошник тренер Дејвид Аделман ќе биде вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Денвер, тврди познатиот инсајдер во НБА лигата, Шамс Чарани.
Мелоун стана тренер на Денвер во 2015 година, кога Нагетс го драфтуваа српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, а во 2023 година му ја донесе на клубот шампионската титула.
Откако беа елиминирани во конференциското полуфинале во плејофот минатата сезона, Денвер во моментов е четвртопласиран во Западната конференција, откако ги загуби последните четири натпревари.
Бут, пак, стана генерален менаџер на Денвер во 2020 година, а за време на неговиот мандат Нагетс ги доведоа Арон Гордон и Кентавиус Колдвел-Поуп, кои беа стартери за клубот од Колорадо за време на неговата титула во сезоната 2022/2023.
Но, тоа не е сѐ. Сега се најавува дека е можно и Јокиќ да си замине и тоа ни помалку ни повеќе туку во Лејкерси.