📽 ЈОКИЌ ПОСТИГНА НЕШТО ШТО НЕ УСПЕАЛ НИКОЈ ВО 78 СЕЗОНИ ОД НБА! Уште еден историски настап на српскиот кошаркар

Никола Јокиќ стана и првиот кошаркар кој постигнал 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100% шут од поле и оставри нешто што не му успеало на ниеден друг играч во најсилната кошаркарска лига во светот.

1,541

Никола Јокиќ влезе во историјата на НБА во победата на неговиот тим Денвер нагетс против Вашингтон визардс со 130-110.
Српскиот центар запиша уште едно историско достигнувања во книгата на легендите на НБА лигата и уште еднаш го потврди статусот меѓу најголемите играчи кои зачекориле на кошаркарскиот терен.






Јокиќ го оствари 121-от трипл-дабл во кариерата, прв против Вашингтон визардс и со тоа стана третиот играч во историјата кој постигнал трипл-дабл против секоја НБА екипа против која играл.
Претходно тоа успеаја да го направат само Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.

Србинот го заврши натпреварот со 21 поен, 19 скока, 15 асистенции, притоа шутираше неверојатни 100% од поле, 10 од 10. Така Никола Јокиќ стана првиот кошаркар кој има 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100% шут од поле и оставри нешто што не му успеало на ниеден друг кошаркар пред него во лигата која трае 78 сезони.

Поврзани содржини