ЊОКИ ОД ШВАРЦВАЛДСКИ КОМПИРИ Шеф Маре Јаневска ни испрати рецепт од својот нов дом во Титизее Нојштад

Откако се пресели во Германија, шеф Маре, иако засега нема работни обврски, не мирува и не ја мрзи да направи што било што ќе посакаат нејзините најмили, па некако му доаѓа како нешто слично на џубокс, ама за храна. Неодамна открила дека оттука се и најубавите компири на светот (простете беровчани), од кои направила и превкусни њоки. Повелете рецептот

199

Пред три месеци нашата готвачка Маре Јаневска направи голем пресврт во својот живот. Се пресели во Германија. Поточно, нејзиниот сопруг Александар замина таму пред нешто повеќе од две години, а Маре и нивните синови трпеливо чекаа да се создадат услови за целото семејство да се спои во едно од најубавите места во оваа земја, во срцето на Шварцвалд, поточно, во гратчето Титизее Нојштад. Доколку ви звучи познато, тоа е затоа што, ако сте љубител на скијањето, веројатно знаете дека токму таму често се одвиваат натпреварите во ски-скокови.

Рецептот за њоките побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини