🎥 ЈОКИЌ И ДОНЧИЌ ВО ИДНИНА МОЖЕ ДА ИГРААТ ВО ИСТ ТИМ ВО НБА?! Изјавата на српскиот кошаркар ја заинтригира јавноста
По Ол-стар мечот, Никола Јокиќ се пошегува на сметка на својот добар пријател кој настапува за тимот на Далас, неговата изјава стана хит на социјалните мрежи.
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ги сумираше впечатоците по учеството на НБА Ол-стар натпреварот во Индијанаполис.
Во својот шести Ол-стар во кариерата, Никола беше стартер. Не се трудеше премногу, уживаше во дружењето со соиграчите и ја забавуваше публиката со своето однесување и интересни потези. Натпреварот го заврши со 13 поени, 9 асистенции и 4 скока.
-Беше одлично, вистинско задоволство е да се дели соблекувалната и теренот со такви играчи, а играта како игра… Можевте и сами да видите, навистина е задоволство да се биде овде. Па, јас ова го сфаќам како еден вид забава и беше забавно – рече Јокиќ.
Кошаракарот на Денвер сподели и што разговарал со колегите за време на собирот на најголемите ѕвезди во НБА лигата.
-Разговарав со нив, не за овој натпревар, туку воопшто за кошарката и за сè друго. Убаво е да се слушнат различни мислења, како луѓето поинаку ги гледаат работите. За мене сегоаш е добро кога сум на вакви настани – откри Никола Јокиќ.
Лука Дончиќ и тој приредија незаборавно шоу за фановите. Правеа разни шеговити, се караа и привлекоа невидено внимание со своите духовити испади.
Luka Doncic setup Steph Curry to get dunked on by Nikola Jokic 💀@FanDuel pic.twitter.com/6Os5OnyOOU
— 𝙉𝘼𝙅 (@najeeadams_) February 19, 2024
Медиумите се интересираа дали има шанси еден ден да ги видиме Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во ист тим. А, одговроот на Јокиќ ја заинтригира зајвноста.
-Па, не знам, можно е. Немам намера да го напуштам Денвер, но ако Лука се налути… – одговори Јокиќ.
По мечот Србинот се пошегува на сметка на својот добар пријател кој настапува за тимот на Далас, изјави дека Дончиќ бил ужасен на теренот.
– Лука е ужасен. Беше навистина лош во оваа игра. Беше полош од мене, 100% – се пошегува Јокиќ со новинарите.
Неговата шеговита изјава веднаш стана вирален хит.
“Luka [Doncic] is terrible. Luka is really bad for this game. He’s worse than me. 100%.”
—Nikola Jokic 😂
(via @NBA)pic.twitter.com/ZDWLJDOsqT
— ClutchPoints (@ClutchPoints) February 19, 2024