📽️ ЈОКИЌ ГО „ДИСЦИПЛИНИРАШЕ“ СИНОТ НА ИВАНКА Ќерката на Трамп му се заблагодари на српскиот кошаркар
Ти благодарам, Јокиќ, што го натера мојот Тео да слуша!“, напиша Иванка на својот профил на Инстаграм, додавајќи ја снимката од случката.
Српската НБА ѕвезда Никола Јокиќ повторно се најде во центарот на вниманието на Ол-стар натпреварот, но овој пат не поради играта на теренот. Тој неочекувано го привлече вниманието на Иванка Трамп, која сподели снимка од моментот кога нејзиниот осумгодишен син Теодор – познат како Тео – бил во интеракција со Јокиќ.
Додека Тео разговараше со кошаркарот Шеј Гилџус-Александер, Јокиќ направи гест кој предизвика реакции – тој нежно му ја сврте главата на момчето кон фотографите, давајќи му до знаење дека камерите чекаат за фотографија.
Овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а Иванка Трамп не остана рамнодушна.
„Ти благодарам, Јокиќ, што го натера мојот Тео да слуша!“, напиша таа на својот профил на Инстаграм, додавајќи ја снимката од случката.
Ivanka 👑 thank you so much for our JOKER 🃏🃏🃏Nikola Jokic MVP3 he’s brilliant with kids and 🏀on 🌎🇺🇸 pic.twitter.com/Xz0KYq1V7Z
— Ena (@Ena820278873851) February 17, 2025
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер беа дел од публиката на Ол-стар натпреварот, заедно со своите три деца – ќерката Арабела (13) и синовите Џозеф (11) и Теодор (8). Ова е само еден од големите спортски настани на кои семејството Трамп присуствуваше оваа година.
View this post on Instagram
Претходно, Иванка и нејзиниот татко Доналд Трамп беа забележани и на Супербол, каде што Трамп влезе во историјата како првиот актуелен претседател на САД кој во живо го следел натпреварот за титулата во НФЛ.
Моментот со Јокиќ уште еднаш потврди дека српската НБА ѕвезда не е само мајстор на теренот, туку и човек со одлично чувство за шоу и комуникација, дури и со најмладите навивачи.