ЈОКИЌ БИ ТЕ УБИЛ, МУ РЕЧЕ БАРКЛИ НА ГОЛЕМИОТ O’НИЛ Шек го става Вембењама пред српскиот ас
Јокиќ би те убил, му рече познатиот Чарлс Баркли на Шекил О’Нил, додека на двата панела ги разгледуваа најдобрите потези на сезoната во НБА. Шекил не му остана должен. Сан Антонио има 8-2, а Денвер исто така 8-2, рече тој, бранејќи го француското чудо Виктор Вембањама.
Жесток судир на легендите во студиото на ЕСПН ја разниша НБА сцената. Шдкил О’Нил и Чарлс Баркли, двајца поранешни џинови под обрачите, влегоа во бурна расправија околу тоа кој е најдобар играч во лигата – Србинот Никола Јокиќ или француското чудо Виктор Вембањама, јави ЕСПН.
Баркли, познат по директност, го пофали српскиот ас:
– Оно што го прави Јокиќ во моментов е неверојатно. Тој е најдобриот кошаркар во светот. Лесно постигнува трипл-дабл, и каков трипл-дабл! Не со 10 поени и 10 асистенции, туку со 25, 16 и 17 – истакна легендата на „Феникс“.
О’Нил веднаш возврати:
– Го мразам кога го правиш ова. Не го дискредитирај Вемби – реплицираше Шек, видливо вознемирен.
Поранешниот центар на Хјустон не попушти:
– Вемби игра одлично, но не е исто. Тие не се истото животно – дециден беше Баркли.
Врвната точка на напнатост настапи во моментот кога Баркли се истрча со изјавата.
– Јокиќ би те убил – му рече тој на О’Нил, додека на двата панела ги разгледуваа најдобрите потези на сезoната во НБА.
Шекил не остана должен:
– Сан Антонио има 8-2, а Денвер исто така 8-2 – подвлече тој.
Баркли повторно возврати:
– Ако денес се доделуваше МВП, би го избрал Џокер, потоа Лука, па Вемби.
О’Нил му одговори кратко:
– На тенки нозе си.
Никола Јокиќ, според официјалната статистика, моментно има просек од 28,8 поени, 13,1 скок и 10,9 асистенции, додека Вембањама бележи 26,2 поени, 13 скока и 4 асистенции.
Расправијата уште еднаш покажа колку српскиот центар го подели светот на кошарката, меѓу оние кои веруваат дека е најдобар на планетата и оние кои сметаат дека новата генерација веќе го стигнува.