ОХРИДСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „МАЦКОВО“ ДОБИТНИК НА „KORKIRA MELAINA“ Наградата се доделува за придонес во поврзувањето на културите

Во објектот „Вјеќница“ на корчуланската локална власт низ историјата, во старото градско јадро, организаторите ја приредија и хрватската промоција на поетската збирка на Митаноски „Ванчолики“.

80

Охридското Здружение за литература и култура „Мацково“, преку неговиот претседател Веле Митаноски е годинешен добитник на Меѓународната награда „Korkira Melaina, која се доделува на асоцијации и поединци кои со својата работа придонесуваат во поврзувањето на културите.

Признанието беше врачено на Седмите меѓународни книжевно-научни средби „Петар Канавелиќ“ во хрватскиот островски град Корчула, одржани под покровителство на Министерството за култура на Хрватска.






Наградата се однесува на традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“, единствена таква на овие простори, а на која редовно учествуваат и млади поети од Хрватска.

Со ова признание, манифестацијата станува препознатлива во светот, но, за жал, не и кај повиканите институции кај нас, а се одржува под високо покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО со седиште во Верона.

Истовремено, во објектот „Вјеќница“ на корчуланската локална власт низ историјата, во старото градско јадро, организаторите ја приредија и хрватската промоција на поетската збирка на Митаноски „Ванчолики“.

На собирот учествуваа поети од Хрватска, Македонија, Албанија, Црна Гора и од Мароко. Виртуелно, учествуваше и иранскиот поет д-р Салама Ал-Сархана, од кого беше претставена книгата „Делириум на паметењето“ 1 и 2.

Поврзани содржини