Охридското Езеро си доби парапетче (ФОТО)

1,398

Охрид СОС објави фотографии на кои се гледа дека се гради нелегален бетонски ѕид на плажата во Градиште.

„Вонредната состојба се користи на различни начини, еве, некој решил да започне со изградба на парапетчето предложено пред многу години. Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова“, повикаа од Охрид СОС.






На тоа реагираше градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески. Тој соопшти дека инспекциски служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година извршиле увид и составиле записни за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското езеро во авто-кампот „Градиште“.

„Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот“, вели Георгиески.

Ве уверувам, додава тој, дека никој од локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро или го нарушуваат светското природно и културно наследство.

Поврзани содржини