🎥 ОХРИДСКИТЕ НУРКАЧИ ЗАПАЛИЈА ОГАН ПОД ВОДА Го означија почетокот на василичарските прослави

Нуркачите од „Амфора“ на овој начин ја честитаа Стара нова година и Василица, како и Св. Јован Крстител - Денот на охридските рибари.

59

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, во Зливот на коските на Охридското Езеро, во близина на Музејот на вода, го запалија подводниот василичарски оган и со тоа ја најавија вечерашната прослава на Стара нова година.

Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован Крстител – денот на рибарите во Охрид.






Поврзани содржини