Охридскиот градоначалник го осуди оштетувањето на споменикот на загинатите бугарски туристи

Тој апелира граѓаните да се воздржат од вандалско однесување и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.

433

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески јавно го осуди оштетувањето на споменикот на бугарските туристи кои  загинаа во потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.

– Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи –  вели Георгиески во објавата на социјалните мрежи.

Тој апелира граѓаните да се воздржат од вандалско однесување и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.

 

Поврзани содржини
na