ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ ЕТНИЧКИ БАРАЊА ЗНАМ е против избор на претседател во Парламент

664

Од осамостојувањето Македонија се соочува со постојани барања на етничка основа за права од одредени етнички заедници. Ние сметаме дека со Охридскиот рамковен договор и неговата целосна имплементација во изминативе 21 година, сите услови, барања се задоволени, рече генерал-мајорот Павле Арсоски, потпретседател на ЗНАМ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој истакна дека остварување на етнички барања во 21-от век, кога Македонија треба да се подготвува за преговори со Европска унија е апсолутно неприфатливо.






– Неприфатливо е претседателот на државата да се избира како што се бираат обвинители, судии и носители на други јавни функции. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија веќе го има искажано ставот по барањата за избор на претседателот на државата во Собранието и сметаме дека уставната позиција на претседателот на Македонија, како институција, така поставена треба да остане и не треба да се менува. Избор на претседател во Собранието на начин како што се избираат јавни обвинители, судии, носители на други јавни функции е апсолутно неприфатливо. Претседателот на Македонија треба да е, по уставните негови надлежности, соодветен коректив на случувањата на политичката сцена, често пати треба да биде коректив и на, би рекол неодговорното работење на Собранието, носење на закони кои се на штета на граѓаните, носење на закони кои немаат никаква врска со Европската унија и евроинтеграциите со европско знаме – рече Арсовски.

Тој нагласи дека претседателот на државата не смее да биде сервилен кон политичките партии на власта, туку треба да биде слуга на интересите на граѓаните.

– И може да разговараме, напротив дали е можно или е потребно неговите уставни ингеренции малку и да се зголемат, за да може да биде татко на нацијата, коректив на сите случувања – изјави Павле Арсоски, потпретседател на ЗНАМ.

Поврзани содржини