ОХРИДСКИ ОБВИНИТЕЛ ПОД ЗАКАНИ ОД ШЕФИЦАТА НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО БИТОЛА Не се воздржувал на Фејсбук?!

На интернет е објавена и снимка од разговорот во кој гласот, за кој Димоски вели дека е на Тромбева, го кара и му се заканува поради „написи на Фејсбук“.

5,697

Мери Тромбева, шефицата на Вишото јавно обвинителство во Битола, му се заканувала со покренување дисциплинска постапка на Војо Димоски, јавен обвинител од охридското Јавно обвинителство, наводно поради неговото „невоздржување“ на Фејсбук.

На интернет е објавена и снимка од разговорот во кој гласот, за кој Димоски вели дека е на Тромбева, го кара и му се заканува поради „написи на Фејсбук“.






„Да ви појаснам што се несоодветните написи: пред се тоа е моето инсистирање да се провери детално имотот на судиите и на обвинителите. Понатаму, тоа е моето имање став по однос на работите во правосудството, особено по однос на подјарменоста во однос на политичките елити. Па моето неприфаќање на (усмени!) сугестии за вакво или онакво постапување во конкретни предмети“, сведочи Димоски на Фејсбук.

Тој е обвинител во ОЈО Охрид полни десет години. Пред тоа бил адвокат кривичар околу седум години.

Димоски, преку својот адвокат, веќе испратил опомена до Тромбева, согласно Законот за вознемирување на работно место (мобинг).

– Со оглед дека до ден денешен за ова се нема произнесено ни таа, а ни државниот обвинител Љубомир Јовески, кој исто така е запознат со случајот, деновиве ќе поднесеме и тужба – вели Димоски за Плусинфо.

Поврзани содржини