ОХРИЃАНИ СТАНАА СУПЕР МИЛИОНЕРИ Брачен пар освои џекпот вреден 10,7 милиони денари
Охриѓаните се носители на осмиот џекпот во 2022 година и вкупно 25-ти од постоењето на оваа добивка.
Најновата возбуда од сигналот кој означува добивка се почувствува во Охрид. Супер милионер џекпот вреден 10.764.621 израдува брачен пар кои заедно биле во потрага по забава.
– Бракот е и во добро и во лошо, а никој нема против со брачниот партнер да биде „соучесник“ во добивање на најомилениот џекпот во Македонија – Супер милионер. Таква е судбината на нашите најнови добитници, сопружници од Охрид, кои во понеделникот, на 15 мај, освоија 10.764.261 денар. Сопругот често играл, а и често добивал. Овојпат ја вклучил и сопругата во забавното понеделничко попладне. Заедно отишле да уплатат спортска, но требало да почекаат, па предложиле за поинтересно да им помине времето, да одиграат некој круг на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија во објект на „Моцарт“, во Охрид – соопшти Видеолотарија.
Почнале со 500 денари, па имале добивка, која ја искористиле за да ја продолжат забавата. Очигледно го направиле вистинскиот потег, бидејќи набргу стигнал сигналот за Супер милионер џекпот. Играта која се покажала среќна е „40 burning hot“.
– Од парите сакам да си купиме нов автомобил и да одиме на убав одмор. Остатокот од добивката ќе го испланираме, заедно ќе решиме како да ги потрошиме парите – изјави сопругата.
Нивното лето сигурно ќе биде поубаво од што замислувале и очекувале, а со нивната среќна приказна уште посодржајна е колекцијата добитници на Супер милионер џекпот. Тие се носители на осмиот џекпот во 2022 година и вкупно 25-ти од постоењето на оваа добивка.