ОХРИЃАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПО НАПАД СО НОЖ Драма во дом во Охрид, напаѓачот е веднаш приведен

С.М. (34) доби тешки телесни повреди по напад во својот дом од страна на А.Ф. (44), кој беше приведен од страна на полицијата на ул. Партизанска.

0

34-годишниот С.М. од Охрид беше физички нападнат во својот дом, кога 44-годишниот А.Ф. од истиот град употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил на ул. Партизанска, а полициски службеници од СВР Охрид интервенирале и го лишиле од слобода напаѓачот вчера во 10:45 часот.






Според информациите од СВР Охрид засега, деталите за мотивот на нападот не се објавени.

По целосно документирање на случајот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини