Синоќа околу 21.00 часот охриѓанец излетал со својот автомобил „хонда“ од магистралниот пат Ресен – Буково кај местото Леворечки Мост и тешко се повредил, информира СВР Битола.
„Патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н. (38) од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“ – се вели во информацијата.