ОХРИЃАНЕЦ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН Со возило удрил во метална заштитна ограда

257

Охриѓанец на возраст од 44 години се здобил со тешки телесни повреди откако на регионалниот пат Охрид – Св.Наум со патничко моторно возило „рено“ удрил во метална заштитна ограда.

Како што соопшти МВР, повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му се констатирани повредите.






На местото на настанот е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани содржини