Охриѓанец должел пари, па го натепале и го ограбиле
Вршеле превоз на патници без лиценца, па заработиле кривична пријава.
ДОЛЖЕЛ ПАРИ ПА ГО НАТЕПАЛЕ И ОГРАБИЛЕ – На 25.11.2020 околу 23,30 часот во СВР Охрид е пријавено дека кај Г.Г.П.(46) од Охрид, дошол Б.П.(22) од Кочани со уште три лица при што поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале Г.Г.П. и му одзеле пари и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ШЕТАЛ НАМЕСТО ДА СЕДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К.(46) од с.Голема Речица,тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.11.2020 во Гостивар при извршени проверки во домот каде престојувал Д.К., на кого од Државен санитарен и здравствен иснпекторат му било издадено решение за лекување и изолација до 16.11.2020 година, од полициски службеници, било констатирано дека не се наоѓал во домот.
ВРШЕЛ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ БЕЗ ЛИЦЕНЦА – Одделение за внатрешни работи Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар како и против Б.Л.(55) од Дебар и О.П.41) од село Бањиште, дебарско, одговорни во правниот субјект поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“,. На 20.10.2020 при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека пријавените, организирале и вршеле незаконски превоз на патници, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.
ФАТЕНИ КРАДЦИ НА ДРВА – Одделение за внатрешни работи Кичево, поднесе кривична пријава против И.Б.(47) од село Желино, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ како и против Б.Б.(39) од селото Пласница, општина Македонски Брод, за „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 02.11.2020 при контрола на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на планинскиот превој „Стража“, полициски службеници сопреле товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво, сопственост на првопријавениот. Притоа, констатирале дека, во возилото има поголема количина дрвна маса од наведената во испратницата и дека постои разлика во времето кое е ограничено за транспорт од Шумското стопанство „Лопушник“ до правно лице сопственост на второпријавениот. На овој начин, пријавените предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“.
СЕ ЗАПАЛИЛА КУЌА ВО КОНДОВО – На 25.11.2020 во 12,27 часот во СВР Скопје, М.Б.(65) од село Кондово, скопско, пријавил дека на 24/25.11.2020 во времето од 17,00 до 12,00 часот настанал пожар во куќа во село Кондово.