Огромни редици за вакцина пред Белградскиот саем (ВИДЕО)
Од српското министерството за здравство денеска нагласија дека непријавените нема да може да се вакцинираат.
Огромна гужва и редици има денеска пред хала 3 од Белградскиот саем откако Србија ги повика граѓаните на земјите од регионот викендов да се вакцинираат таму со вакцината на „АстраЗенека“.
Денеска граничниот премин „Табановце“ го поминале 2.139 граѓани од кои најголем дел отишле за вакцинација во Ниш или во Белград.
За излез од земјава утрово се чекаше и по 40 минути.
Во меѓувреме, од српското министерството за здравство нагласија дека непријавените нема да може да се вакцинираат.
View this post on Instagram