ОГРОМНИ ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ КАЈ КАТЛАНОВО Пожарот се симнува кон автопатот, ЦУК информира дека викендичките се безбедни
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.
Се разгорува пожарот кај селото Катланово. Огромни пламени јазици може да се забележат од автопатот „Пријателство“ во правец кон Скопје.
Сведоци за Плусинфо говорат дека глетката е навистина страшна, а густиот чад е спуштен на автопатот и предупредуваат повнимателно да се вози на оваа делница.
Како што претходно информиравме попладнево избувна пожар, а според очевидците густ чад се издигнува кон небото и е видлив од сите страни на патот.
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.
Директорот Стојанче Ангелов сподели дека викендичките ќе бидат одбранети бидејќи на терен се екипи на скопската противпожарна.
Во првичната информација од Центарот за управување со кризи нè информираа дека во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптерот на МВР – Ми 171. Но вечерва тој ќе биде повлечен и се очекува наутро повторно да биде вклучен. Не се исклучува можноста за активирање и на „ер-тракторите“, како и на помош да бидат повикани припадници на Армијата и полицијата.