Oгромни казни за Англичаните кои ќе заминат на одмор во странство
Велика Британија во моментов не дозволува какво било патување во странство, освен од работа, образование или здравствени причини. Но, забраната ќе биде разгледана во април и патувањето може да биде дозволено од 17 мај.
Англичаните кои ќе патуваат на одмор во странство ќе мора да платат казна од 5.000 фунти според новиот закон за да се спречат патувања што не се потребни за да се заштити нацијата од инфекција со ковид-19.
Веста разочара милиони луѓе кои се надеваат на летувања и предизвика пад на вредноста на акциите на туристичките компании, вклучувајќи ги и „EasyJet“, сопственикот на „British Airways“, „Jet2“ и „TUI“, да паднат за два до четири проценти рано во вторникот.
Обединетото Кралство има една од најтешките состојби на ковид-19 во светот, но бројот на смртни случаи и инфекции рапидно опаѓа и успешната кампања за вакцинација конечно ја враќа довербата кај граѓаните и економијата.
Но, бидејќи постепеното олеснување на карантинот започнува овој викенд, владата ги предупредува граѓаните дека можеби ќе мора да се откажат од долгоочекуваните летувања во странство, пред се заради третиот бран во некои делови на Европа.
Одлуката ќе биде разгледана во април
– Гледаме зајакнување на овој трет бран во некои делови на Европа и исто така гледаме нови варијанти и многу е важно да се заштити напредокот што го постигнавме овде во Велика Британија – изјави министерот за здравство Мет Ханкок за „Sky News“.
Велика Британија во моментов не дозволува какво било патување во странство, освен од работа, образование или здравствени причини. Но, забраната ќе биде разгледана во април и патувањето може да биде дозволено од 17 мај.
– Новите казни за патувања ќе бидат вклучени во законот, кои ќе важат до крајот на јуни во случај да не се олесни забраната – рече министерот, следејќи ги другите коментари од официјални лица кои навестија дека забраната ќе биде продолжена.
Ханкок рече дека е прерано да се каже за безбедноста.
Доколку биде усвоен, законот ќе стапи на сила на 29 март
– Предлог-законот, кој беше испратен до парламентот во понеделникот, ќе биде на дневен ред во четврток. Ако биде усвоен, тој се очекува да стапи на сила на 29 март – рече тој.
Тоа се однесува само за Англија, но може да биде проследено со Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Британскиот патнички сектор изгуби повеќе од 45.000 работни места, а бројот на патници на најголемиот аеродром во Хитроу е најмал од 1966 година.
Прегледот на владата на одлуката од 12 април треба да воведе систем на обележување на земјите со зелена или црвена боја, во зависност од степенот на ризик од инфекција.