🎥 ОГРОМНА ЗМИЈА ПРЕКИНА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ЛЕСКОВАЦ Два пати го касна судијата додека се обидуваше да ја избрка од теренот

Во необичната ситуација најтешко помина судијата кој прво ја нагазува, па ја фаќа и ја исфрла од змијата од теренот, а таа притоа двапати го каснала.

1,353

Невообичаена сцена забележана е фудбалски терен во Србија, каде огромна змија го прекина натпреварот меѓу нисколигашите Горња Синковца и Радник од Шишинац. Видеото од битката со змијата брзо стана хит на интернет. А најтешко помина судијата кој прво ја нагазува, па ја фаќа и ја исфрла од теренот. Во таа прилика, змијата двапати го каснал.

Во еден момент на теренот се појавила змијата, а во тој момент сите фудбалери се оддалечиле. Се обидуваат да ја избркаат, но не успеваат, а потоа судијата на мечот ги презеде работите во свои раце.

 






Прво ја нагазува, па ја фаќа и ја исфрла од теренот. Во таа прилика, рептилот двапати го каснал.

„Се случи една многу необична ситуација. На теренот се појави змија која доведе до прекин на натпреварот. Фасцинантно е што судијата успеа да ја фати змијата и да ја отстрани од теренот, а змијата не беше повредена“ – стои во објавата на Инстаграм

„Според досегашните информации, се покажа дека судијата бил отпорен на двете гризнувања“ – соопштија од нисколигашот Горња Синковца.
Откако змијата била исфрлена од теренот, натпреварот продолжил рфегуларно и завршил без победник 1-1.

Поврзани содржини