📷 ОГРОМНА ТЕРАСА, ЛЕЖАЛКИ И МАГИЧЕН ПОГЛЕД Водителката на „Гранд“ ужива во луксуз во осмиот месец од бременоста
Српската водителка Сања Кужет ја дели само еден месец од породувањето, а откако пред неколку месеци престана да работи на музичката емисија „Ѕвездите на Гранд“, јавноста ретко може да ја види водителката.
Српската водителка Сања Кужет ја дели само еден месец од породувањето, а откако пред неколку месеци престана да работи на музичката емисија „Ѕвездите на Гранд“, јавноста ретко може да ја види.
Таа само одвреме-навреме се огласува на социјалните мрежи и со следбениците споделува како го поминува времето додека е на трудничко, а тоа го направи и овој пат.
Имено, Сања објави фотографија на која позира на луксузната тераса од својот дом и покажа како ужива во сончевиот ден.
Водителката пиела кафе и уживала во магичната глетка додека седела на лежалка, а насмевката не можела да ја сокрие.
View this post on Instagram
„Срце мило, уште малку“, гласи еден од првите коментари што ѝ го упатила водителката Марија Килибарда, а по неа продолжиле да се нижат и други: „Машала“, „Прекрасно“, „Браво“, „Колку си слатка“, „Уживај“ …
Да потсетиме, Сања и нејзиниот сопруг Немања го очекуваат нивното второ, а нејзино трето дете.
View this post on Instagram