📽️ ОГРОМЕН ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌА Пожарникари со две возила спречија катастрофа во Кочани
Брзата реакција на пожарникарите спречи огнената стихија да се прошири, се чека соопштение од МВР.
Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата Браќа Ставреви во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против – пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.
Браќа Ставреви е густо населена улица со куќи една до друга, поради што постои опасност огнот да се прошири. За сега, пожарникарите успеваат да ја локализираат огнената стихија.
Од ЦУК информираат дека се работи за пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседната куќа – лепенка.
„Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување. Во моментот има 4 екипи на ТППЕ Кочани, ДПД Кочани со 1 екипа. На лице место се екипи на МВР и екипи на Итна медицинска помош. Не е побарана дополнителна помош од Главен Штаб“, информираат од ЦУК.