ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ПЕКАРНИЦАТА НА ДЕЧКОТО НА ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ Еве колкава штета претрпел српскиот бизнисмен

Синоќа се случил огромен пожар во погон на една од пекарницата на Драган Станковиќ, новото момче на српската водителка Јована Јеремиќ.

2,437

Синоќа се случил огромен пожар во погон на една од пекарницата на Драган Станковиќ, новото момче на српската водителка Јована Јеремиќ.

Српските медиуми, меѓу другото, пишуваат дека, за среќа, нема повредени, но причинета е голема материјална штета.






Драган Станковиќ претрпел штета од околу 30.000 евра по пожарот што синоќа избувнал во еден од неговите погони, дознава српски „Телеграф“ од извор близок на бизнисменот.

– Човекот кој ги смени плинските шишиња не си ја завршил работата добро и ги поврзал плинските шишиња, така се случил хоророт, немаше дефект во работата – изјавил претходно изворот на „Телеграф“.

– Беше драматично, пламенот одеше во висини и до 60 метри! За среќа нема повредени, сите се добро – додава соговорникот за „Телеграф“.

– Не станува за погонот кој е централен, да нагласам, не е тоа оној кај неговата куќа, туку подалеку – објаснил изворот.

„За среќа, ова е далеку помала штета од онаа што ја претрпе на крајот на 2021 година, кога штетата изнесуваше повеќе од 2 милиони евра!

Пред нешто повеќе од две години, во декември 2021 година, Станковиќ претрпе милионска штета, кога во текот на ноќта во Грочка се запали неговата котлара од 1.000 квадратни метри.

 

Поврзани содржини
na