📽️ ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ОЛИМПИСКИОТ ПАРК ВО РИО Пламени јазици го зафатија Велодромот

Пожарот избувнал рано утрово, а десетици пожарникари интервенирале на велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро.

55

Голем пожар избувна рано утрово на велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро, каде околу 60 пожарникари се бореле со огнената стихија. Според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, пламените јазици биле високи и видливи од далечина.

Пожарот избувнал во објектот на Велодромот во Олимпискиот парк, а противпожарните служби добиле пријава во 4:17 часот по локално време. На терен веднаш биле испратени десетици пожарникари кои работеле на локализирање на огнот.

 






Според првичните информации на државната воена противпожарна служба, засега нема податоци за повредени лица.

 

Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и утврдување на причините за пожарот, додека дел од објектот бил зафатен од пламен.

 

Поврзани содржини